ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Првите дози од руската вакцина се очекува да пристигнат утре околу 14:00 часот

Првата квота од руските вакцини во количина од 3.000 дози се очекува да пристигне утре околу 14:00 часот на скопскиот аеродром, рече министерот за здравство Венко Филипче. Како што кажа тој, потребната документација веќе е подготвена, а вакцинацијата треба да започне во среда.

Министерот информираше дека согласно договореното од руската вакцина „Спутник Ве“, земјава треба да добие 200.000 дози.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button