ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче турка нов клинички со поддршка на поранешни министри за здравство

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека новата локација во општина Ѓорче Петров каде е предвидена изградба на новиот Клинички центар е единственото најсоодветно решение за големиот проект. Но, така не смета ВМРО-ДПМНЕ, која не дава поддршка за проектот. Филипче денеска на средба повика некои од неговите претходници во овој ресор како Никола Тодоров, кој на таа функција беше како кадар на ВМРО, потоа Имер Селмани, Ѓорги Оровчанец, Реџеп Селмани, Драган Даниловски.

Филипче ја повика опозицијата да разговара за ова прашање со цел да се деблокира процесот за започнување на проектот.

Кон крајот на мај ќе има јавна расправа во Собранието во врска со изградбата на новиот клинички центар. Тој се очекува да чини 500 милиони евра.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button