ВЕСТИЗДРАВСТВО

Филипче: Засега нема задолжителна вакцинација, но спремни сме и за други препораки

Мерката за задолжителна вакцинација засега нема да се спроведува, рече министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека истата отворила голем број сериозни прашања во однос на евентуалното казнување на лицата коишто нема да се придржуваат до неа.

„Стигнавме до констатација дека отвора многу сериозни прашања во однос на тоа, како би се евентуално казнило некој којшто нема да го прифати тоа да се вакцинира. Од друга страна е голем финансиски терет. Ќе видиме каков ќе биде опфатот со вакцинација со оваа препорака преку матичните лекари. Спремни сме да носиме и други препораки“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button