ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Финален договор меѓу Владата и СОНК, за десет дена

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во петок ќе треба да го даде последниот збор дали вработените кои штрајкуваат ќе ги добијат или не целосните плати.

Мировниот договор постигнат синоќа меѓу СОНК и Министерството за образование предвидува зголемување на платите за 15 отсто во образованието и во градинките. Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека покрај покачувањето на платите, ќе се прецизираат и останатите прашања што ќе ги содржи колективниот договор што треба да го потпишат во текот на месец септември наставниците.

„Ќе имаме зголемување на платите почнувајќи од исплатата на плата за септември, 15% за сите вработени во основно и средно образование. Заедно со претставниците на синдикатот ќе продолжиме да ги прецизираме елементите што ќе ги имаме во колективните договори за секторот образование во наредниот период“, рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Првиот човек на СОНК Јаким Неделков рече дека е многу важно да се воведе нова практика на партнерство меѓу Синдикатот и Министерството за образование за креирање на следниот буџет, особено буџетот за плати за 2023 година и понатаму.

Веќе постигнатиот договор се очекува да биде потпишан во рок од 10 дена, откако Советот на СОНК ќе добие согласност од сите синдикати во земјава. СОНК на 11 април го започна генералниот штрајк со барање за зголемување на платите за 18,5%, односно нивно усогласување со минималната плата, која од март се зголеми на 18.000 денари. По неколку дена Владата им понуди покачување на платите, првично од 10 и подоцна и 12 отсто, што беше неприфатливо за СОНК.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button