ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Finance Think ја задржува проекцијата за растот на БДП во 2021 за 4.1%

Економијата во вториот квартал од годинава испорача раст од 13,1 отсто на бруто домашниот производ. Државниот завод за статистика објави дека има зголемување на извозот на стоки од 62 насто, но во исто време е забележан и раст на увозот од 64 отсто.

Што се однесува по сектори, пораст е констатиран кај трговијата на големо и мало, транспортот, бизнисот со сместувачки капацитети, рударството, преработувачката индустрија, снабдувањето со електрична енергија. И овие сектори влијаеа на растот на Бруто домашниот производ. Премиерот Зоран Заев вели дека овие податоци го поткреваат оптимизмот дека кризата одминува, а економијата сериозно закрепнува.

„Ова значи дека во првото полугодие од годината постигнавме раст на БДП од 5,6 отсто. За годинава проектиравме раст од 4,1 отсто со очекување извозот да расте со 10, 6 отсто, бруто инвестициите со раст од 8 отсто“, рече премиерот Заев.

Но, од Институтот за економски анализи Finance Think велат дека позитивните бројки се остварени во најпогодените сектори и се поради нивните лански слаби резултати, бидејќи токму тие беа најсилно погодени од пандемијата. Лани, во вториот квартал падот беше 14,9 отсто. Исто така, економситите сметаат дека мерките за спречување на ширење на корона вирусот од август 2021 ќе имаат ограничен неповолен ефект. Finance Think ја задржува проекцијата за растот на БДП во 2021 за 4.1%.

„Високиот раст е остварен на ниска споредбена основа од вториот квартал од 2020, во кој пандемијата го изврши првиот и најсилен удар на економијата. Според дејности, ударот пред една година беше најсилен врз трговијата, сместувањето, послужувањето храна и транспортот, како резултат на што и растот во К2-2021 е најголем во овие дејности и изнесува 46 насто. Растот кај останатите дејности е значајно помал, со исклучок на индустријата, која порасна за 11.4%“, наведуваат од Finance Think.

Потрошувачката на граѓаните има најголем влијание во структурата на бруто – домашниот производ и учествува со нешто над 70 отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button