ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Финишира судскиот процес Заев против Николовски, пресудата ќе биде објавена следниот четврток

Идниот четврток Граѓанскиот суд ќе одлучи – имало или немало клевета од потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски кон премиерот Зоран Заев. Николовски доби тужба од Заев откако изјави: „Заев е врвот на пирамидата во случајот Рекет“. Овој судски процес дојде до финална фаза, а денеска во скопска „двојка“ завршни зборови дадоа адвокатот на Заев, бидејќи тој лично не дојде во судница и Николовски. Бранителот на Заев, Лазар Сандев рече дека Николовски со дадената изјавата му го нарушил угледот на премиерот.

„ Во ниту еден од доказите не произлегува и инволвираноста на тужителот (Зоран Заев) во овој случај, напротив од написите изјавата е со една цел – да се наштети на честа и угледот на тужителот (Зоран Заев)“, рече Лазар Сандев, адвокат на Заев.

Николовски, пак, смета дека не го наклеветил Заев. Тој тврди дека всушност сакал да отвори дебата во јавноста дали навистина парите од „Рекет“ завршиле кај премиерот Зоран Заев, како што од судница тврдеше Бојан Јовановски.

„Јас сум апсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него. И тој не се појавува на рочиштата на кои што ме тужи мене“, изјави Александар Николовски, потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Инаку, за овој судски спор денеска беше назначена нова судијка. На денешното судење прво се читаа наслови објавени во медиумите поврзани со случајот „Рекет“ и Заев, поради новиот судечки состав, па се презенитраа завршните збориви. Заев од Николовски бара отштета од 1.000 евра бидејќи изјави дека тој бил на врвот од „Рекет“.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button