ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Фискален совет ќе го крои буџетот

Серија забелешки испорачаа невладините организации за критериумите за назначување на членови на Фискалниот совет, кој треба да биде ново тело кое ќе врши контрола на јавните финансии. Премногу општи и недефинирани се условите по кои треба да се бираат членовите на ова сериозно тело кое ќе го контролира трошењето на народните пари, сметаат од невладиниот сектор.

„Во Законот во моментов има една реченица којашто вели дека членовите треба да бидат експерти во областа на економијата, макроекономијата и јавните финансии. Ваквата широка дефиниција дозволува многу широко толкување и тоа што никој не сака да го види, злоупотреба на тој термин. Потребно е министерството за финансии во текстот многу подетално да ги дефинира критериумите по коишто експертите од макроекономијата ќе бидат определени“, рече Виктор Митевски, НВО „ЗМАИ“.

Невладините предлагаат кандидатите да имаат барем десет години искуство во делот на макроекономијата, искуство во изработка на анализи, следење или мониторинг на јавни финансии. Формирањето на Фискален совет е дел од Закон за буџети кој е веќе јавно достапен за изнесување забелешки и дополнувања.

Закон за буџети:

„Фискалниот совет е надлежен за обезбедување независни, објективни и професионални совети за прашања поврзани со фискалната политика и буџетот…“

Отчетот за својата работа ова тело треба да дава пред пратениците во Собранието. Фискалниот совет се состои од три члена, при што по еден член предлагаат МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната Банка, а ги именува Собранието. При номинирањето не смее да има судир на интереси и партиска припадност. Мандатот на членовите ќе биде 6 години без право на реизбор.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button