Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки

Прашан за цените на производите кои се зголемија по завршувањето на ограничените маржи и најавениот план на Владата за евентуална интервенција, академик Таки Фити порача дека во овој сегмент треба да се делува со индикретни, а не со директни мерки. Потсети дека имаме Комисија за заштита на конкуренцијата која, како што напомена, треба да си ја врши својата работа.
-Економската наука е против директни интервенции во доменот на цените како што е замрзнувањето, зашто тие честопати се контрапродуктивни. Ефект ќе има одреден период, но проболемите се кумулираат и кога ќе се „ослободат“ цените, тоа се враќа како бумеранг. Основно е да се контролира ситуацијата со индиректни мерки. Ние ја имаме Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа треба да си ја врши својата работа. Во екот на кризата, Комисијата рече: „ние не постапуваме ако немаме допрен глас“. Не може така. Комисијата има компетенции да постапува, да спречува монополистичко однесување, да спречува доминанта позиција на определени фирми, да казнува директно за тоа. Таа е една од клучните институции која е задолжена за одржување на нивото на конкуренција и на конкурентниот притисок во економијата, но и на слободата на пазарот и претприемништвото, нагласи Фити.