
Фудбалерите на Шкендија со гол негатива ќе отпатуваат на гостувањето кај Струга во реванш полуфиналето од Купот на Македонија. Лидерот во ПМФЛ гостува кај бранителот на првенствената титула, а тоа дерби ветува.
Тетовчани мораат да пристапат офанзивно и тоа е најава за добрра пресметка. Фитон Адеми смета дека Шкендија има сили за пресврт.
„Тимот е подготвен да покаже добар натпревар и да дојде до позитивен резултат. Иако имаме негатива од првиот меч во Тетово, во Струга одиме за да дадеме максимум за да го казниме ривалот. Нè очекува многу тежок натпревар, откако одигравме лошо во првиот. Ако гледаме кон шампионатот, на Струга единствен начин да излезе во Европа ѝ е Купот, па ќе се обиде да стигне до целта. Треба да ја завршиме својата работа и да се обидеме да направиме пресврт. Мислам дека можеме до финале“, изјави Адеми.
Полуфиналниот реванш во Струга се игра в среда во 16:00 часот.