РЕГИОН

Фон дер Лајен: Дијалогот е единствено решение за кризата во северно Косово

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денеска во Приштина изјави дека Косово и Србија мора да работат на конструктивен дијалог, со цел да се намалат тензиите во општините со мнозинство Срби во северно Косово.

Фон дер Лајен денеска е во Косово, како дел од регионалната посета на Западен Балкан. Таа по состанокот со косовскиот премиер Албин Курти истакна дека секој мора да работи на изградба на заедничка иднина.

“Додека зборуваме овде, преговарачите се во Брисел и тие преговараат за тоа. Тоа е најдобриот начин да се продолжи напред”, рече фон дер Лајен.

Главните преговарачи на Косово и Србија се во Брисел за да разговараат за следните чекори за смирување на тензиите во северно Косово, кои произлегоа по одлуката на Владата во Приштина да воведе мерки за реципроцитет за регистарски таблички од Србија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button