ВЕСТИСВЕТ

Фон дер Лајен: Пресудата на полскиот суд е закана за ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека одлуката на пресудата на полскиот Уставен суд, со која се оспорува приматот на законите на Европската унија, претставува закана за основните вредности на европскиот блок.

Фон дер Лајен им рече на европратениците во Стразбур дека е длабоко загрижена за таа одлука, која, како што тврди, е „директен предизвик за единството на ЕУ“ и која ја поткопува заштитата на независноста на судството, пренесува агенцијата АП.

– Не можеме и нема да дозволиме да бидат загрозени нашите заеднички вредности. Владеењето на правото е лепилото што го врзува нашиот сојуз – рече Лајен.

Односите меѓу Полска и ЕУ го достигнаа најниското ниво претходно овој месец, откако полскиот суд одлучи дека полските закони имаат предност пред законите на блокот од 27 нации, на кои Полска се приклучи во 2004 година.

Ова доведе до ескалација на долгогодишните тензии околу демократските стандарди меѓу полските власти и бриселските институции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button