ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фон дер Лејен: Направивте многу, на ред е ЕУ да го испорача своето

Иднината на Северна Македонија е Европската Унија и ние ве сакаме кај нас. Европската Комисија, но и јас лично цврсто го држиме тој став, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен на денешната прес конференција во Скопје.
Како што кажа таа, нашата земја направила сериозни постигнувања и сега на ред да испорача е Европската Унија.

„Направивте неверојатен напредок и донесовте важни одлуки. Сакам мошне јасно да истакнам дека сега е на Европската Унија да го испорача своето“, рече фон дер Лејен, додавајќи дека треба да продолжат напорите за започнување на меѓувладината конференција пред крајот на оваа година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button