ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ФОТО) На скопскиот аеродром почнува преземањето на 45 тела од авионите

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа телата на жртвите од автобуската несреќа и во тек е  преземање на останките.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром е организирана церемонија на која присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

Во меѓувреме, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, каде што ќе можат граѓаните да оддадат почин на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, веќе се започна со положување венци.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button