ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Падна дел од фасадата на зградата на Владата

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, објави фотографии на неговиот фејсбук профил на кои се гледа дека дел од горниот дел од фасадата на владината зграда паднал во тревникот кај објектот. Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите.

„Криминалот на режимот на ДПМНЕ сѐ уште го плаќаме“, напиша Богоев.

Неодамна, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за фасадата на зградата на Владата. Од институцијата соопштија дека во истрагата се опфатени четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и осветлување на објектот на Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button