КОШАРКАСПОРТ

Франшизата Феникс Санс е продадена за рекордни 4 милијарди долари

НБА франшизата Феникс Санс е продадена за рекордни четири милијарди долари. Покрај Феникс Санс, продаден е и женскиот клуб Феникс Мекјури. Нов сопственик на франшизата стана милијардерот Мет Ишби, бизнисмен од САД, основач на фондот „United Wholesal Mortgage“, кој се занимава со хипотеки и недвижен имот.

Санс беа ставени на продажба откако сопственикот Роберт Сервер доби едногодишна суспензија и парична казна од 10 милиони долари. Тој е обвинет за расистичко и мизогинско однесување.

Инаку, најголемата продажба во историјата на НБА беше она во 2019 година, кога Џо Цаи ги купи Бруклин Нетс за 3,3 милијарди долари./Макfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button