СВЕТ

Франција ги отфрла плановите на Трамп за Газа

Франција ги отфрли плановите на американскиот претседател Доналд Трамп кој кажа дека САД би можеле да ја преземат контролата врз Газа и да ги преселат Палестинците, велејќи дека тоа ќе го прекрши меѓународното право и ќе го дестабилизира регионот.

Advertisements

„Франција го повторува своето противење на какво било присилно раселување на палестинското население од Газа, што би претставувало сериозно кршење на меѓународното право, напад на легитимните аспирации на Палестинците, но и голема пречка за решение за две држави и би бил главен дестабилизирачки фактор за нашите блиски партнери Египет и Јордан“, се вели во изјавата на портпаролот на француското МНР, Кристоф Лемоан, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека иднината на Газа треба да биде во контекст на идната палестинска држава и не треба да биде контролирана од трета земја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button