ПОСЛЕДНИСВЕТ

Франција го повлекува амбасадорот од Турција

Франција ја осуди изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој го доведе во прашање „менталното здравје“ на францускиот колега Емануел Макрон во врска со неговата изјава за карикатури на пророкот Мухамед, нагласувајќи дека државата ќе го повлече својот амбасадор од Турција, пренесува агенцијата „Спутник“.

„Зборовите на претседателот Ердоган се неприфатливи. Навредите и грубоста не се начинот. Бараме Ердоган да ја смени својата политичка насока, бидејќи неговата политика е опасна во секоја смисла. Не влегуваме во непотребна полемика и не прифаќаме навреди “, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Претходно денес, Ердоган ги критикуваше ставовите на неговиот француски колега Макрон кон муслиманите, повикувајќи го „да го провери неговото ментално здравје“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button