ВЕСТИСВЕТ

Франција го презема претседавањето со Европската Унија

Франција го презема кормилото на Европската Унија денеска и за следните шест месеци, и иако проширувањето на ЕУ останува табу тема за западноевропската јавност, за Северна Македонија и Албанија познавачите не исклучуваат напредок во процесот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција во Париз. Зборот „проширување“ очекувано не беше споменат, но шефот на државата го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети.

-Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот.

Иако деталите за конференцијата не се познати, познавачите на политиката на проширување на ЕУ сметаат дека оваа изјава е сепак знак на смелост со оглед на општиот отпор на француската јавност кон проширувањето.

Како што објаснува за МИА француската новинарка специјализирана во политиката на проширување и заменик уредник на Агенција Европа, , говорот на Макрон за француското претседателство во делот за Западен Балкан е помалку амбициозен во споредба со почетокот на неговиот мандат, но е чекор напред.

-Тој сепак го спомена Западниот Балкан во своите приоритети, сметам дека е ова е добар знак, и дека со оглед на ситуацијата во регионот не смее ништо да не се направи, но ќе треба да се види што ќе биде и со внатрешната политика во Франција бидејќи има избори, објаснува Жесан.

Претседателските избори во Франција треба да се одржат во април, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања, а проширувањето е посебно чувствителна тема која би можела да им служи како оружје на ривалите на Емануел Макрон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button