ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Францускиот предлог на комисиска расправа во бугарскиот парламент

Францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на пристапните разговори на Македонија со Европската унија, според најавите на бугарските медиуми, денеска би требало да се најде на пред Комисијата за надворешна политика на собранието на Бугарија.

Копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов вчера оцени дека францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Според Иванов, Бугарија е на пат да ја пропушти можноста за добра зделка што ја направи француското претседателство.

Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да следи дали Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во уставот на земјата како другите народи кои се основачи на републиката, а не како малцинство. „И ако тоа не се случи, нема да има преговори за првото поглавје. Ова е успех за бугарската дипломатија и ова не е национално предавство“, рече Христо Иванов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button