ВЕСТИСВЕТ

Францускиот премиер „преживеа“ две гласања за недоверба во парламентот

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска „преживеа“ две гласања за недоверба парламентот, што го отвори патот за усвојување на долго одложуваниот буџет на земјата за 2025 година, пренесоа светските медиуми.

Двете гласања за (не)доверба на француската влада беа иницирани од крајната левица, но доживеаја несупех, бидејќи не добија поддршка од екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен и социјалистите од левиот центар.

За првиот предлог гласаа вкупно 128 пратеници, а за вториот 122, што е значително помалку од потребните 289 гласа.

Пратениците од крајната левица поднесоа два предлога за гласање недоверба на владата, откако премиерот Барју се повика на посебни уставни овластувања за да го протурка буџетот за 2025 година.

Имено, членот 49.3 од францускиот Устав дозволува малцинската влада да усвои закон за буџет без гласање во парламентот.

И Националниот фронт и Социјалистичката партија пред гласањето посочија дека нема да го поддржат предлогот бидејќи на Франција и треба буџет, иако социјалистите рекоа дека подоцна ќе бараат посебно гласање за недоверба во врска со неодамнешните изјави на Бајру за имиграцијата.

Изјавата на Бајру што ги налути социјалистите е дека многу Французи се чувствуваат преплавени од имиграцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button