ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Француско МНР: Ако има договор, ќе организираме меѓувладини конференции

Остануваме мобилизирани за да постигнеме избалансирано и заемно прифатливо решение и решени сме, во случај на договор, да организираме меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Северна Македонија, како и со Албанија, наведуваат од француското Министерство за надворешни работи.

Ова е дел од одговорот на француското Министерство за надворешни работи (МНР) на прашање на дописникот на МИА од Париз, во кој нагласуваат дека „следните денови ќе бидат одлучувачки“.

Официјалната реакција на француското МНР, јавува дописникот на МИА, се чекаше многу долго, прашањето за содржината на францускиот план за надминување на бугарското вето беше поставено пред дваесетина дена и неколку пати повторено, а одговорот доаѓа по завршување на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Во реакцијата се наведува и она што го рече претседателот Емануел Макрон во Брисел. МНР на Франција потсетува и оти тој уште за време на телефонските разговори што ги имаше на 6 јуни со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и со бугарскиот претседател Румен Радев, укажал дека е подготвен да им помогне на овие две земји да склучат билатерален договор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button