СПОРТФУДБАЛ

Фудбалерот Шаќири позитивен на Ковид-19

Според Швајцарската фудбалска федерација, Џердан Шаќири е позитивен на „Ковид 19“ и во консултација со здравствените власти, ќе биде во изолација неколку дена. Крилниот напаѓач е третиот играч во составот на Ливерпул, по Тијаго Алкантара и Садио Мане, кој е заразен со коронавирусот. Засега Шаќири нема симптоми. Швајцарија утре треба да одигра пријателски натпревар со Хрватска, а потоа следувата и две средби во Лигата на нациите против Шпанија и Германија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button