ЗАБАВА

Галаксијата Андромеда сепак не е поголема од Млечниот Пат

Андромеда, за која досега мислевме дека е за околу три пати поголема од Млечниот Пат, сепак има маса приближно иста колку нашата галаксија. Ова значајно го менува нашето разбирање за Локалните групи, галактичкото јато чии сме дел, како и сценариото на конечниот судар на овие двегалаксии чие спојување би настанало за неколку милијарди години.

Познато е дека нашиот галактички сосед, спиралната галаксија Андромеда, и Млечниот Пат, во кој се наоѓа Сончевиот систем, веќе долго време се во многу бавен но страствен танц кој неминовно ќе кулминира со загревање.

Меѓутоа, она што досега мислвме дека го знаеме за Андромеда – дека е за неколку пати помасивна од Млечниот Пат, изгледа дека веќе не е случај. Истражувањето вели дека овие две галаксии се отприлика со иста големина.

Оваа нова пресметка е развиена од меѓународен тим од астрономи и е објавена овој февруари во весникот Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. Таму пишува дека Андромеда има маса околу 800 милијарди пати поголема од Сонцето, чиј податок ја изедначува со Млечниот Пат.

Новата техника за определување на масата се базира на брзината што е потребна за да се напушти галаксијата.

“Кога ракетата се лансира во универзумот, таа се движи со брзина од 11 км / с за да избега од Земјиното гравитационо влијание”вели астрофизичарот Прајвал Кафле од Универзитетот во Западна Австралија, главен автор на студијата.

“Нашата домашна галаксија, Млечниот Пат, е потешка од билион пати од нашата мала планета Земја. За да ја избегнеме неговата гравитација, треба да лансираме со брзина од 550 km / s. Оваа техника ја користевме за да ја пресметаме масата на Андромеда”, вели Кафле.

Сосема е возможно и тоа дека претходните истражувања ја прецениле количината на темната материја во Андромеда. Невидливата супстанца, која го сочинува поголемиот дел од масата во нашиот универзум, се наоѓа во галаксиите. Научниците сметаат дека темната материја делува како лепак кој ја држи видливата маса.

Авторите на студијата ги анализирале орбитите на ѕвездите со голема брзина во Андромеда, и на основа на тоа заклчиле дека овие две галаксии содржат околу третина од темната материја во споредба со претходните студии.

Извор: енаука

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button