ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Гаши избран за нов спикер со гласовите на ВМРО, ВРЕДИ и ЗНАМ

Гаши избран за нов спикер со гласовите на ВМРО, ВРЕДИ и ЗНАМ

Со 76 гласа „за“ и 6 „против“, Африм Гаши е избран за нов претседател на Собранието.
Во говорот, по ибзорот Гаши рече дека ќе им овозможи на пратениците слободно да се изразат, и побараа да се почитуваат и кога не се согласуваат едни со други.

„Многу добро ја разбирам улогата на секој пратеник и тоа ме прави свесен и одговорен дека со должноста што ја преземам, ќе овозможам на секој пратеник на овој Парламент да му биде загарантирана можноста да се изрази и да му биде загарантирано правото на говор и правото на политичка позиција. По овие две децении демократија, сите ние мора да докажеме дека сме достигнале доволно зрелост за да го почитуваме мислењето на другиот, да се слушаме едни со други, дури и кога не се согласуваме, да го правиме тоа со АРГУМЕНТИ и почитување на достоинството на другиот“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.

Гаши доби честитка од наредниот мандатар Мицкоски и лидерите на коалицијата ВЛЕН.

Изет Меџити од ВЛЕН, рече дека Гаши е меѓу ретките политичари за кои не се поврзани корупциски афери.

„Пред нас е неговата биографија каде може да се види дека има и образовна подготовка која е комплементарна со задачата која треба да ја извршува како претседател на Собранието. Ако можам да додадам проценка, можеби дури и лична, Африм Гаши е еден од ретките пратеници, дури и меѓу ретките политичари кои не се поврзани со корупција или злоупотреба на власта“, рече Изет Меџити, пратеник на ВЛЕН.

На изборот на претседател на Собранието му претходеше жестока дебата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Според Левица, се случува косовизацијата на институциите.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини партијата на Апасиев дека во минатото соработувала со ДУИ.

Собранието претходно ги верификуваше мандатите на 118 пратеници. Беше верификуван и мандатот на пратеник, на техничкиот премиер Талат Џафери, кој рече дека ќе ја извршува функцијата премиер, а до изборот на новата влада нема да учествува на седниците на Собранието./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button