ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Газдата на „Беса транс“ дојде кај несреќата, истрагата ќе ја водат бугарските институции

На откривање на причините за несреќата ќе работат исклучиво бугарските истражни органи. Денеска главниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески и шефицата на организиран криминал, Вилма Русковска беа на местото на трагедијата и информираа дека со бугарските колеги ќе соработуваат само околу документите на „Беса Транс“.

„Повторно доаѓаме до водечките верзии дали се работи за човечка грешка или техничка неисправност на автобусот? Имаше и втор возач, но не можеме да кажеме дали преживеал. Мислиме дека двајцата возачи не преживеаја“, рече Борислав Сарафов, Национална истражна служба на Бугарија.

„Сакам да ги уверам своите колеги од С. Македонија дека Јавното обвинителство на Бугарија ќе посвети максимлани напори за брза, објективана и ефективна истрага преку која ќе ги утврди причините за овој тежок инцидент“, рече Сијка Милева, Јавно обвинителство на Бугарија.

„Овдека е на лице место таму каде што е автобусот, се наоѓа и сопственикот на превозната фирма. Кратко разговарав со истиот. Рече дека 20 години има транспортна фирма. Досега немале инцидент, тоа е според неговото кажување. Но, како што веќе кажаа и колегите, ќе ја обезбедиме комплетната документација за сите автобуси – кога се регистрирани, кога биле на технички преглед и ќе им ги испратиме на колегите тука во Бугарија“, изјави Вилма Русковска, Обвинителство за организиран криминал.

„Документите за сопственоста на автобусот се обезбедени и ние ќе им ги предадеме на колегите на бугарското јавно обвинителство. Но, многу документи треба да се проучат за да се утврдат фактите“, вели Љубомир Јовески, Главен обвинител на Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button