ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Газди на фирми се противат недела да биде неработен ден

Бизнисот со здружени сили се бори недела да не биде задолжителен неработен ден за работниците. Стопанственици од повеќе сектори денеска презентираа податоци кои велат дека огромни штети ќе претрпат доколку во недела нивните вработени бидат слободни. Намалени приходи, а со тоа и послаба конкурентност, но постои ризик и од намалување на продуктивноста на вработените доколку во викенд одмаат велат работодавачите.

„За нас е апсолутно неприфатливо применувањето на плус додаток на плата за работа во недела, од причина што веќе даваме слободни денови во било кој дел од неделата“, рече Кристина Самарџиева, „Еуроникел Индустри“, Кавадарци.

Стопанстврниците сметаат дека во новиот Закон за работни односи не треба да бидат наведени дејностите кои нема да смеат да работат во недела, со образложение дека тоа е менлива категорија, и дополнително, еднаш донесен закон велат тешко се менува.

„Едноставно, вие на животните не можете да им кажете во недела да престанат да даваат млеко“, рече Ѓорѓи Петрушев „Млекара“ АД Битола.

Дел од странските инвеститори пак со предупредување дека на тој начин земјава ќе стане неатрактивна за нови вложувања на бизнисмените од странство. Во фабриките велат се работи на смени и се добиваат слободни денови.

„Најголем дел од овие компании работат по два дена прва смена, па два дена втора смена, па два дена трета смена“, рече Виктор Мизо „Костал Македонија“ Охрид.

Законското решение во кои треба да се дефинира кои сектори задолжително ќе бидат затворени во недела засега е во изработка. За синдикатот, работниците да одмораат во недела е голем успех, и подобрување на правата на вработените.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button