ВЕСТИРЕГИОН

Генчовска денеска поднесува оставка од функцијата шефица на бугарската дипломатија

Двајца министри од партијата Има таков нартод (ИТН), Теодора Генчовска – министерка за надворешни работи и Александар Николов – министер за енергетика, денеска ќе поднесат оставки од функциите во владата на Бугарија, јавуваат бугарските медиумите.

Нивните оставки ќе следуваат откако ИТН реши да ја напушти владејачката коалиција поради, како што рече нејзиниот лидер Слави Трифонов, двојната политика на премиерот Кирил Петков кон Северна Македонија и беспарицата во земјата.

По излегувањето на партијата од власта, оставки веќе поднесоа министерот за спорт Радостин Василев и за регионален развој и јавни дејности Гроздан Караџов.

Трифонов и во последниот јавен настан, вчерашното интервју за Дарик радио, повтори дека една од причините за напуштање на владата е прашањето за Северна Македонија.

Тој рече дека се води двојна политика, од една страна тоа е бугарското МНР на чие чело со Генчовска, а од друга страна е премиерот Кирил Петков кој, како што обвини, ги слуша советите на други луѓе кои „ја дуплираат“ министерката за надворешни работи.

Додека Македонија не ги стави Бугарите во Уставот и не го исполни Договорот од 2017 година, ако зависи од мене, нема да ги започнат преговорите за влез во ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button