ВЕСТИСВЕТ

Генералното собрание на ОН утре ќе расправа за хуманитарната криза во Газа

Генералното собрание на ОН, кое се состои од 193 земји членки, утре се очекува да гласа за нацрт-резолуција со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Газа, пренесува Ројтерс. Потенцијалното гласање ќе следува откако минатата недела САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН предводена од ОАЕ, која повика на итен прекин на огнот во Газа.

Состанокот на Генералното собрание е свикан од претставниците на Египет и Мавританија „како претседавач со Арапската група и претседавач со Организацијата за исламска соработка“.

Во петокот САД ја блокираа резолуцијата за прекин на огнот, која дојде откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, свика итен состанок на Советот за безбедност, со примена на ретко користениот член 99 од Повелбата на ОН со кој ќе го сврти вниманието на СБ кон секое прашање кое според него може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност.

„Авторитетот и кредибилитетот на телото се „сериозно поткопани“ од неговиот одложен одговор на војната, рече Гутереш подоцна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button