ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Генералот Весли Кларк беше прогласен за почесен граѓанин од општината Чаир

Општина Чаир го прогласи пензионираниот американски генерал Весли Кларк за „Почесен граѓанин“, како признание за неговиот извонреден придонес во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот.

Advertisements

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, пред да му ја додели наградата, рече дека придонесот на генералот Кларк е колосален за стабилноста на регионот.

„Вашата непоколеблива заложба за заштита на човековиот интегритет и достоинство испрати јасна порака до целиот свет, дека мирот не е само прашање на стратешки интереси, туку морална посветеност за заштита на животот и основните права на секој поединец“, рече Ганиу.

„Тоа беше момент пред 25 години и се сеќавам дека имаше загриженост, конфузија, напнатост. Имаше гласини за конфликт. Имаше проблеми во планините овде меѓу Косово и Македонија и некако по сето ова се појави мирот и демократијата. Денес е привилегија да се биде овде во Скопје и да се види мир, просперитет и да се чувствува ентузијазам, надеж и доверба за иднината“, рече Весли Кларк – пензиониран генерал на американската армија.

Кларк ја водеше воздушната кампања на НАТО против српските воени цели во 1999 година.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button