МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ

Георгиевска: Загадувањето на воздухот ќе ја влоши состојбата со Ковид-19

Во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, Невена Георгиевска, од граѓанската иницијатива „О2“ предупредува дека престојната зима би можело да биде мошне критичен период. Пандемијата на Ковид-19 и големото аерозагадување ќе ја влоши состојбата на најранливите категории граѓани, оценува Георгиевска.

Таа додава дека загадувањето на воздухот е причиона и за загаденост на почвата и оти проблемите коишто недоволно се решаваат остануваат товар за наредните генерации.

„Она што го оставаме за идните генерации е огромен проблем. Толку загадена почва и период во кој не реагираме, создаваме наследство на идните генерации кои ќе имаат многу поголеми тешкотии да се справат отколку  ако ние почнеме уште сега да реагираме“, вели Георгиевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button