ВЕСТИСВЕТ

Германија го укинува платеното боледување за невакцинирани лица

Германија ќе престане да им плаќа боледување на луѓето кои не се вакцинирани и кои мора да бидат ставени во карантин поради ковид-19. Германците досега беа исплатувани ако требаше да бидат ставени во карантин по враќање од странство или ако беа во контакт со некој заразен со коронавирусот.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан рече дека одлуката ќе стапи на сила од 1 ноември и дека сите што сакаат ќе имаат време да се вакцинираат. Оние кои не го сакаат тоа ќе мора да сносат одговорност и да имаат финансиски трошоци, рече Шпан. Во Германија, 63,4 проценти од населението досега е целосно вакцинирано. Тамошната влада соопшти дека целта е да се имунизираат 75 проценти од населението за да се избегне ново нагло зголемување на бројот на заразени во текот на зимските месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button