СПОРТФУДБАЛ

Германија ослабена во осминафиналето, без еден од столбовите во одбраната

Германија со гол во судиското продолжение извлече реми против Швајцарците (1-1) и од првото место во групата А оди во осминафиналето на Европското првенство.

Сепак, во првата нокаут рунда „панцерите“ ќе бидат значително ослабени бидејќи нема да можат да сметаат на еден од столбовите во одбраната. Се работи за Џонатан Тах кој „пожолте“ во 38. минута од мечот со Швајцарците. Бидејќи ова му беше втор жолт картон во групната фаза, стоперот на Баер Леверкузен заработи суспензија од еден натпревар.

Тоа ќе биде сериозен удар за Јулијан Нагелсман кој има голема верба во Тах. Слична судбина имаше и искусниот Силван Видмер кај Швајцарците кој исто така собра два картони и суспензија за осминафиналето. Германците го чекаат противникот во првата нокаут рунда, а својот натпревар го играат в сабота во 21:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button