СПОРТФУДБАЛ

Германија започна преговори со Нагелсман

Спортскиот директор на Фудбалската Федерација на Германија, Руди Фелер, започнал преговори за назначување на Jулијан Нагелсман за селектор на фудбалската репрезентација. Според „Билд“. Фелер стапил во конакт со неговиот агент Волкер Штрут, за да разговара за финансискиот дел од можниот договор.

Поранешниот тренер на Баерн Минхен е главен фаворит за оваа функција откако Ханси Флик доби отказ по поразот од Јапонија со 4-1 минатата сабота. Нагелсман сѐ уште е под договор со баварците и покрај тоа што беше ослободен од баварците во март.

36-годишниот тренер ги водеше и Хофенхајм и Лајпциг. Доколку дојде до негово именување, тој ќе биде селектор на Германија на претстојното ЕП следното лето, на кое ќе биде домаќин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button