СВЕТ

Германските служби на нозе: Цел на хакери порталите за вакцинација и за производство на вакцини

Порталите за вакцинација и вакцини се повеќе се мета на сајбер криминалци, предупредува Германската федерална криминална служба (БКА).

Минатата година бројот на напади врз ИТ системите јасно се зголеми, рече шефот на Одделот за компјутерски криминал на БКА, Карстен Мејвирт.

Тој рече дека бројот на случаи на компјутерски криминал минатата година пораснал за осум проценти, на повеќе од 108.000.

Тоа е, заради споредба, двојно повеќе од 2015 година.

Од третиот квартал минатата година, БКА регистрираше зголемен број напади врз компании и јавни институции кои се важни во борбата против пандемијата на вирусот корона. Како прво, беа засегнати порталите за вакцинација и целиот ланец на снабдување со вакцини.

БКА исто така откри дека некои платформи на Даркнет се обидуваат да продадат лажни вакцини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button