РЕГИОН

Германскиот амбасадор согласен дека изборите на северот на Косово треба да се одложат

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, изјави дека се согласува со ставот на САД за одложување на изборите на северот на Косово.

Роде на Твитер објави дека моменталната ситуација на северот на Косово не е погодна за одржување избори.

„Се согласувам со мојот американски колега дека изборите треба да се одложат. Очигледно е дека сегашната ситуација не го фаворизира нивното одржување“, напиша Роде.

Тој на Твитер изјави дека е добро што косовската полиција е присутна во соработка со ЕУЛЕКС и КФОР.

„Навистина многу загрижувачки. Вчерашното насилство врз општинските избори е неприфатливо. Добро е што косовската полиција е присутна во координација со ЕУЛЕКС и КФОР. Целосна поддршка за мирни демонстрации, но нула толеранција за насилство“, напиша Роде.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button