ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Германскиот државен секретар за Европа во посета на Македонија

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе допатува во дводневна посета на Северна Македонија. На првиот ден на престојот во Скопје, Рот ќе има средба со неговиот домаќин, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), посетата на Рот доаѓа во пресрет на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде што тој ја претставува Германија, па во тој контекст акцентот на разговорот со Димитров ќе биде ставен врз надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка за земјава со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button