ВЕСТИРЕГИОН

Гервала: Косово смета дека иницијативата „Отворен Балкан“ е опасна

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, оцени дека иницијативата „Отворен Балкан“ е опасна за Република Косово. Според неа, оваа иницијатива ја загрозува заедничката цел на земјите од регионот, а тоа е членството во Европската унија.

„Без да се негира правото на која било независна и суверена држава да носи свои одлуки на која иницијатива да учествува, со кого сака да создаде мали или големи коалиции, Република Косово, иницијативата на Нови Сад, во меѓувреме мини-шенген, од вчера, Отворен Балкан ја сметаме за опасна. Се создава атмосфера дека имаме алтернатива за нашиот заеднички пат кон ЕУ“, рече Гервала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button