ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Поголем ангажман од властите за Охрид да остане заштитено богатство

Aмбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир бара поголема ангажираност од Владата и локалните власти, со цел Охрид и регионот да го зачуваат статусот на светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО, кој го има уште од 1979 година. Гир бара и поголема финансиска поддршка од државата, со цел реализирање на забелешките на УНЕСКО.

„Ние како ЕУ ја споделуваме загриженоста изразена од УНЕСКО, за Охрид и Охридскиот регион да бидат ставени на листата на светско наследство кое е во опасност. Самото зачувување на природното и културно наследство на Охридскиот регион, изискува силна владина посветеност за имплементација на сите тие препораки, која изискува и поголема координација помеѓу одговорните министерства и другите институции. Сето тоа бара и ангажман на национално и локално ниво, кое ќе биде поддржано од соодветна буџетска поддршка. Тоа треба да биде национален зафат кој ќе ги обедини сите чинители во општеството“, рече амбасадорот Гир.

Гир побара поголема поддршка и од сите политички сили во земјава, како и партнерски однос на властите со цивилното општество. Градоначалникот на Охрид, Ѓеорѓиески вели дека нема да биде трагедија ако регионот се најде на таа листа.

„Ставање на Охрид на листа во опасност воопшто не е трагедија, каква што е преставена во јавноста.Доколку се случи тоа нешто, ние треба да ги дуплираме нашите напори и како локална самоуправа и како држава, да направиме план, сите препораки кои што се набрзина да ги имплементираме.Тоа ќе го решава УНЕСКО на сесија.Треба да се забрза процесот на отстранување на бесправните објекти и тоа е процес кој ќе продолжи и трае и тоа нема да се заврши преку ноќ.Зборуваме за ставање на листа во опасност на цел регион од 400 киломери, кој тешко да го заштитиш“, рече Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.

Во извештајот на УНЕСКО, се нотирани бројни забелешки, кои не биле импелементирани изминатите години, за несправувањето со дивоградбите, но и за одредени проекти, кои биле закана за регионот.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button