ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација

Реформата на јавната администрација има апсолутно централна позиција, како за развојот на земјата, така и за нејзините перспективи за членство во Европската Унија, смета евроамбасадорот Дејвид Гир. Во  обраќање на промоцијата на новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) Гир порача дека „стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација“, укажувајќи дека во Собранието „се уште се чека да поминат разни закони кои се однесуваат на највисокиот ешалон на јавната администрација, а се особено важни за компетитивна, професионална и високо квалитетна јавна служба“.

–   Не велам дека јавните службеници не работат напорно, но секако дека има проблеми. Сите знаеме сервиси што не функционираат, но исто така има многу јавни службеници што работата посветено и напорно, а кои сакаат да видат подобар систем. Проблем е системот, и тоа е она што сметам дека ќе се надмине со оваа стратегија. Се надевам, дека не само оваа влада, туку и следните влади, ќе го гледаат ова како надпартиско и дека резултатите се исклучиво во интерес на граѓаните и тоа државата да има јавна служба како што заслужува, изјави Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button