МАКЕДОНИЈА

Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Започна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на општина Тетово. لعب قمار

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека 93 лица денеска гласаат во своите домови кои се пријавиле како болни или немоќни. بوكر حقيقي على النت Од нив 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово.

Денеска гласаат и 94 гласачи кои се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи, во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.

Гласачките места во казнено поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми. بوكر حقيقي على النت

Гласањето во овие три општини ќе се одива утре на 172 избирачки места, коишто треба да бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button