ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Главниот координативен кризен штаб предлага полицискиот час да почнува од 23:00 часот

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Министерството за здравство за измена на времетраењето на забраната за движење

Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:

– забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

– време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот:

Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button