ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Главниот кризен штаб го прифати предлогот за неносење маски во затворен простор

Главниот координативен кризен штаб усвои повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести, меѓу кои и предлогот за укинување на обврската за неносење маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, пренесе владината прес-служба.

Помеѓу усвоените заклучоци се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, соопштуваат од владината прес-служба.

Заклучоците кои беа усвоени од Главниот кризен штаб, а кои претходно ги предложи Комисијата за заразни болести ќе бидат доставени до Владата и за нив ќе се расправа и одлучува на следната владина седница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button