ЗДРАВСТВО
Годинава регистрирани 51 нови случаи на ХИВ
51 лице годинава се заразени со ХИВ вирусот, од кои 48 се мажи и 3 жени. Во меѓувреме, од оваа болест животот го загубија пет лица. Од Институтот за јавно здравје велат дека најголемиот дел од пациентите не знаат дека се заразени со ХИВ вирусот.
Од анкетата спроведена во средното медицинско училиште Панче Караѓозов, главно кај учениците од трета и четврта година, констатирано е дека повеќето од нив не користат заштита при сексуален однос.
Според општите статистики во земјава, 687 лица се заразени со вирусот ХИВ, а досега животот го загубиле 131 лице.
Линда Ебиби