ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голем број смртни случаи во земјава се последица на загадувањето

Голем број смртни случаи во земјава се последица на загадувањето

18-20% од смртните случаи во земјава се поврзани со последици од загадениот воздух, покажуваат официјалните податоци на Институтот за јавно здравје. Лекарите велат дека тоа е многу вознемирувачко и дека последиците од оваа појава се гледаат многу години подоцна.

Лекарите препорачуваат граѓаните да водат индивидуална грижа за заштита на своето здравје, особено да се води грижа за децата до 5 години, хронично болните, трудниците и лицата над 65 години.

Институтот за јавно здравје препорачува во деновите кога квалитетот на воздухот е лош, граѓаните да останат дома, да не ја проветруваат домашната средина со отворање на прозорците и да консумираат храна богата со витамини./Alsat.mk

Вјолца Алити

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button