ВЕСТИЗДРАВСТВО

Голем е бројот на жени со дијагностиран рак на грло на матката

На 20 од 100.000 жени им е дијагностициран рак на грлото на матката, а 4 до 5 од нив починуваат како последица на болеста. Од Здружението на македонски гинеколози велат дека овие податоци се загрижувачки, во споредба со развиените земји каде бројот на случаи на рак на грлото на матката се многу помали. Вакцината ХПВ, која се прима на возраст од 12-15 години, се смета за една од најефикасните заштити и до 90 проценти, од ракот на грлото на матката. Податоците за 2019 година покажуваат дека во Македонија само 57 отсто од девојчињата на возраст од 12-15 години ја примиле оваа вакцина.

Се предлага, во електронскиот систем „Мој термин“ да се изготви специјално досие за пациентките кој ќе се нарекува „женско здравје“со информации за сите прегледи и извештаи на жената од гинеколошки прегледи и за ХПВ. Инаку, оваа недела , од 23-29 јануари е светска недела за превенција од рак на грлото на матката.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button