ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голем пораст на бројот на заболени од сезонскиот грип, особено децата

Голем пораст на бројот на заболени од сезонскиот грип, особено децата. Само во последната недела од грип се заболени 190 деца на возраст од 0-14 години. Голем е и бројот на заразени и од КОВИД 19. Од болницата Козле, која е и детски центар за Ковид, велат дека секојдневно проверуваат над 50 деца со симптоми на грип и корона додека секој ден по 3-4 деца завршуваат во болница. Најмладиот пациент е четиримесечно бебе со корона. Лекарите велат дека се уште немаат точни информации дали децата се со Омикрон или Флурон што е комбинација од сезонски грип и корона вирус, бидејќи симптомите се многу слични.

Од 27 декември до 2 јануари во Македонија се регистрирани 565 нови случаи на грип и други заболувања слични на грип кај возраста 0 до 64 години. Овие податоци се за 10,1 пати повисоки од пред една година.

„Заболените се регистрирани од 9 градови во државата, 202 во Гостивар, 174 во Дебар, 73 во Тетово, 35 во Кавадарци, 34 во Охрид, Куманово и Струмица по 16 заболени, во Штип и Скопје бројот на заболени е помал од 10. Оваа сезона има зголемување на случаите на грип и други болести слични на грип. 102 случаи се регистрирани во октомври, 307 случаи во ноември и 1.304 случаи во декември“.

Вакцинацијата против грип во земјава започна на 12 ноември 2021 година. Досега се вакцинирани околу 50.000 граѓани. Поточно, со бесплатните вакцини обезбедени од Министерството за здравство, вакцинирани се 44.822 лица од загрозените категории а 4.360 други лица се вакцинирани со платените вакцини што ги обезбедуваат Центрите за јавно здравје.

Vjollca Aliti

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button