ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голема карпа „виси“ над Матка, ЕВН алармира

Карпа од 20 тони виси над браната Матка и зградата на „ЕВН-Електрани“ кои побараа од Центарот за управување со кризи да ја истражи нејзина стабилност. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека во моментов нема опасност карпата да падне, но и ако дојде до тоа евентуалното паѓање не би ја загрозило самата брана. Сепак, ќе се преземат мерки на претпазливост.

Ангелов вели дека карпата најверојатно нема да се урне уште 100 години, но сепак мора да се преземат превентивни мерки. Тоа е затоа што во делот каде што карпата може да се лизне има планински и алпинистички патеки, а во езерото Матка пловат и чамци со туристи. ЦУК нема соодветни алатки за проверка на состојбата на карпата, па ги известиле МВР, Институтот за земјотресно инженерство и Градежниот факултет во Скопје за да извршат експертиза.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button