ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција на повеќе локации низ целата земја

Десетици лица се осомничени за долгогодишна злоупотреба на системот за доделување надоместок за помош и нега од друго лице и незаконско доделување право на инвалидска пензија. Полицијата по наредба  на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведува акција на повеќе локации низ целата територија на државата.

Advertisements

Според првите информации, станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е оштетен Фондот за здравство, но бидејќи се уште трае,  од Обвинителството велат дека информации ќе споделат по завршувањето на акцијата. Неофицијално меѓу притворените се лекари, членови на комисијата во пензискиот фонд, адвокати, експерти и управител на консултантска компанија.

Акцијата, како што неофицијално се дознава, е предмет за кој Јавното обвинителство  работи подолго време. Во прелиминарната истрага биле употребени посебни  истражни мерки, со кои се евидентирани директни контакти меѓу осомничените, како и давање и примање поткуп.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button