ЕКОНОМИЈА

Голема првоаприлска забава со „Светот на Биби“ во Веро центар

Најшарениот, најрадосниот и најзабавниот настан по повод 1 Април ќе се одржи утре (сабота) од 12 часот во Веро центар, каде што дечињата заедно со омилените ликови од „Светот на Биби“ на специјален начин ќе го одбележат Денот на шегата.

На Априлијадата добредојдени се сите дечиња со маски и без маски, како и нивните родители, баби и дедовци. Сите заедно во Веро центар ќе пеат, другаруваат и ќе се забавуваат со јунаците од „Светот на Биби“. Настанот ќе почне во 12 часот во холот на Веро центар, кога сите што собираат сликички од албумот „Светот на Биби“ ќе може да се менуваат со сликички и да го комплетираат својот албум.

Во 12:30 часот на дечињата ќе им се придружи омилената Биби, која заедно со нив ќе пее, ќе се забавува и ќе го слави 1 Април со многу игра и смеа. Забавата е загарантирана за сите присутни, а сите дечиња кои ќе дојдат маскирани како некој од јунаците од „Светот на Биби“ ќе добијат подарок изненадување.

Веро центар утре ќе биде зборно место за најлудата и најраспеаната првоаприлска забава. Не пропуштајте ја!

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button