РЕГИОН

Големи поплави во североисточниот дел на БиХ (видео)

Стотици објекти се поплавени од вчера попладне по излевањето на неколку реки во североисточна Босна, а нови грижи за жителите претставуваат најавите дека и денеска се очекуваат обилни врнежи.

Најлоша е состојбата во општина Челиќ каде се поплавени околу 200 семејни куќи и други објекти. Обилните врнежи доведоа до излевање на реката Шибошница и други водотеци кои го претворија централното подрачје на ова место во езеро.

Урнати се неколку фарми, а поплавите однеле и неколку автомобили. Тамошните власти прогласија состојба на природна непогода.

Пороите предизвикаа големи штети и во општина Сребреник, каде се поплавени голем број објекти. Во Зворник на истокот на земјата поплавени се големи земјоделски површини, соопштија локалните власти.

Немир меѓу граѓаните и локалните власти внесоа метеоролозите кои за денеска најавија нови обилни врнежи во подрачјето на североисточна Босна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button